Околу 45 минути доцнеше стартот на судското рочиште за случајот „Рекет“, се чекаше да биде донесен Бојан Јовановски – Боки 13, пренесе Тв24.
„Состојбата не ми е добра, од сабајле 10 пати повраќав. Затворскиот доктор рече дека не сум во состојба да го следам судењето, но јас инсистирав да дојдам за да не го избегнувам судскиот процес. Но, не сум во состојба активно да учествувам“, рече Јовановски.
Обвинителката Вилма Рускоска, пак, кажа дека според лекарите во ГОБ „8 Септември“, Јовановски е во добра здравствена состојба.
– Јас сум сигурна дека е така. Ниту еден доктор не би ја ризикувал својата лекарска лиценца. Сметам дека ова е само обид за одлговлекување, рече Рускоска.