Корисниците кои на Фејсбук имаат драгоцени фотографии и сакаат да имаат потполна контрола на нив, ќе може во иднина, да ги префрлат на Гугл фотос, а подоцна и на други облак сервиси, пренесе порталот Seebiz.
Овој потег на Фејсбук е дел од иницијативата Дата трансфер проект во која освен компаниите на Цукерберг учествуваат и Гугл, Епл, Мајкрософт и Твитер, а чија заедничка цел е да им се олесни на корисниците контрола над податоците.
Проектот треба да им ја олесни на корисниците миграцијата на податоци меѓу сите партнери, давајќи им потполна слобода на избор каде да ги сочуваат податоците. За почеток лесно пренесување слики од Фејбук на услугите на Гугл беше активирано неделава за корисниците во Ирска, додека остатокот од светот таа можност ќе ја добијат на почетокот на следната година.
Во проектот се вградени сите потребни безбедносни мерки за податоците да можат да ги додадат исклучиво нивните сопственици, како и да се заштитат од евентуално губење на податоците.