На судењето за случајот „Рекет“ дадена е пауза од 20 минути, откако во Кривичниот суд беше повикана Брза помош за да констатира дали Боки 13 е во добра здравствена состојба за да учествува на судењето.
Процесот стартуваше денеска со доцнење од 45 минути поради тоа што Бојан Јовановски беше донесен со задоцнување од затворот во Шутка.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.
Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“.
Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.