ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Квалитетни и стандардизирани производи услов за соработка со странските инвеститори

Странските инвеститори сакаат да ги вклучат македонските компании во својот бизнис, но од нив очекуваат сами да дојдат и да им тропнат на врата.

December 4, 2019 15:30
in ЕКОНОМИЈА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter
 Македонските компании да понудат квалитетни и стандардизирани производи, да се намали административниот товар и да продолжат реформите во образованието во насока на продуцирање кадри потребни за стопанството. Ова се само некои од условите за интензивирање на врските меѓу домашните фирми и странските инвеститори во земјава, пренесе МИА.

Странските инвеститори сакаат да ги вклучат македонските компании во својот бизнис, но од нив очекуваат сами да дојдат и да им тропнат на врата.
-Потенцијалот на македонските компании не е доволно искористен и тоа е клучниот предизвик на македонската економија. Соработката со странски и со фирми од земјите – членки на ЕУ може да им ја подобри конкурентноста на македонските компании. Согласно последниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија, едвај да има воспоставено некакви врски меѓу домашните компании и инвеститорите во зоните. За јакнење на ваквите врски, многу работи зависат од деловната средина. Всушност, треба да бидат исполнети некои општи и специфични услови за функционирање на компаниите, изјави раководителот на економскиот оддел во Канцеларијата на Европската комисија во Скопје Фрег Јанмаат пред почетокот на конференцијата за зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори.
Според Јанмаат, некои од општите услови се владеење на правото, поефикасна јавна администрација и борбата против корупцијата, сфери во кои владините политики треба да продолжат. Специфичните услови, пак, се однесуваат на потребата од квалитетен производ според европските и меѓународните стандарди кој ќе може да биде вклучен во производството на странските компании, реформа во образованието и намалување на административниот товар што паѓа врз компаниите.

Претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија, Штефан Петер, рече дека секој странски инвеститор во земјава работи со македонска компанија, но повеќе во придружните дејности, како обезбедување, храна,…, а тоа не е доволно.
-Ние сакаме да ги вклучиме македонските компании во нашиот вистински бизнис, да бидат наши добавувачи. Но, македонските компании треба да дојдат кај инвеститорите, независно дали се тие во зоните или не, да им тропнат на врата и да прашаат „што можам да направам за вас“, зашто не е обратно, нема бизнисот да дојде кај нив и да им рече „што можам да сторам за вас“. Тоа е како двајца соседи кои живеат еден до друг, а не зборуваат и поради тоа никогаш нема да си ги разберат потребите и побарувањата. Сé почнува со првиот чекор, а тоа е комуникацијата, порача Петер.
Како позитивен пример тој ја посочи ЕВН која, истакна, последниве неколку години работела со повеќе од 5.000 македонски компании. ЕВН веќе има интензивна соработка и со компании кои нудат услуги и со компании кои нудат материјали.
-Никој не може да одрече дека малите и средните претпријатија се рбетот на една економија. Тоа важи за Германија, за Австрија од каде што доаѓам и за Северна Македонија. Исто така, никој не може да негира дека странските директни инвестиции во една земја се повеќе од само шлаг на тортата. Тие се многу важен фактор за македонското стопанство, не само од финансиски аспект, туку и за пренос на знаење. Затоа, логично е дека треба да се воспостави ваква врска меѓу домашните мали, средни претпријатија и странските директни инвестиции за да се создаде дополнителна вредност, напомена Петер.
Next Post

Калеска-Ванчева: Jавноста знае дека зад аболицијата на Иванов стојат структури на ВМРО-ДПМНЕ

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk