ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

За работникот секој денар е добредојден, од месецов повисока минимална плата

Минималната плата, ако се земат предвид животните трошоци, сѐ уште е ниска, но како што велат работниците, соговорници на Фронтлајн, секој денар е драгоцен.

December 4, 2019 10:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Минимална плата или најниската плата што работодавачот е задолжен да му ја плаќа на работникот од овој месец изнесува 14.500 денари. Ова е долниот праг кој од овој месец може да го земаат околу 90.000 работници во земјава. Овој пат, повисока за 2.000 денари, бидејќи пред повеќе од две години, 2017 година, Собранието изгласа минималната плата да изнесува 12.507 денари (нето).

Владата започна и мерка за субвенционирање на придонесите за работодавците кои ќе ги покачат платите на своите вработени до 100 евра, а субвенциите ќе може да се користат во следните три години.

„На првото зголемуваење на платите што беше некаде за 2.000 денари, конечно почувствував дека можеби се ценат мојот труд и моето време. Сепак, тоа не беше некое големо олеснување во однос на домашниот буџет. Парите се трошеа исто така брзо како и пред тоа. Не останува за нешто да се заштеди, туку само можеби покомотно се однесуваш во продавница кога купуваш секојдневни намирници. Добро е што се гарантира минимална плата, за да знаат газдите под што не може да одат, за да не биде потценет трудот на работникот. Во исто време, се зголемија цените на повеќе продукти, па платата лета. Тешко е, но со уште неколку години до пензија, ќе се издржи.“ вели Снежана Д. за Фронтлајн, вработена во мала компанија во внатрешноста.

Работодавачите го поздравија покачувањето, а се согласија и синдикатите, иако сметаа дека минималната плата треба да изнесува 60% од просечната.

Сепак, работодавачите стравуваа дека „може да стави клуч“ на најзасегнатиот сектор во државата, текстилната индустрија.

Сопствениците на текстилните компании, пред речиси еден месец, излегоа со крајно нехумани и дискриминирачки барања за нивните вработени, меѓу кои продолжување на работното време, да нема паузи, да се укинат празници за да нема дисконтинуитет во производството и замрзнување на придонесите, повторно отворање на темата за нормиран учинок.

Протест на текстилните работнички во Штип

Револтирани од од оваа одлука, текстилците излегоа на протест во Штип, организирани од невладината „Гласен текстилец“,  а поддржани од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Време е и работниците да се појават да го кренат својот глас и конечно да кажат дека условите во коишто работат, платата што ја земаат, не соодвествува на нивниот труд. Триесет години беа робови, лоши услови за работа, со ниски плати, а наспроти тоа, работодавачите бараат повеќе скратувања на нивните права“, изјави на протестот Кристина Ампева од Гласен текстилец.

Фајнанс тинк: Во мај 2017 година, 69 отсто од примателите на минимална плата, добиле  плата во плик

Од Институтот за економско истражување и политики Фајнанс тинк (Finance Think) сметаат дека нивото на минимална плата кое е конзистентно со тековната продуктивност во економијата се движи до 13.500 денари и дека до ваков наод дошле при изработката на студија за политиките од 2018 година „Анализа на ефектите од измените во Законот за минимална плата“, во која е извршена квантитативна симулација, како и квалитативна проценка врз основа на длабински интервјуа со засегнати работодавачи.

Предложеното зголемување на минималната плата на 14.500 денари, сметаат, може да претставува значаен товар за работодавецот кај 2/3 од примателите на минимална плата, додека кај 1/3 ќе помогне за формализација на платата во плик, велат од Фајнанс тинк.

Во Фајнанс тинк сметаат дека порастот на минималната плата не треба да се гледа изолирано од другите потези на носителите на политиките. Конкретно, Предлог-законот за субвенционирање на платите предвидува ослободување од придонеси за делот од порастот на нето-платите од 600 до 6.000 денари. Со овој Предлог-закон, во одреден дел, се таргетира сузбивањето на „платата во плик“.

ДОГОДИНА НОВО ПОКАЧУВАЊЕ 

Премиерот Заев во интервју за ТВ Шења, кон крајот на минатиот месец, рече дека следното покачување на минималната плата на 16.000 денари го најави за во jуни 2020 година, а за просечната плата најави дека ќе достигне до 30.000 денари. Нешто што го најавуваше уште во предизборната кампања пред да дојде на власт. Во меѓувреме, за еден месец се расупушта Собранието и на 12 април се одржуваат предвремени парламентарни избори.

Во своето видео обраќање кое може да ја најде на владиниот сајт Заев вели и дека земјата конечно ја има историски најниската стапка на невработеност од 17,4%.

„Сметам дека е најважно за младите да обезбедиме добро платена и квалитетна работа, која ќе ги привлече да останат дома. Просечната плата порасна за 2.297 денари во овие две години, за разлика од растот од само 821 денари во времето на претходната Влада. Инициравме ново, дополнително покачување на минималната плата на 14.500 денари. Во времето на претходната Влада минималната плата изнесуваше само 9.000 денари“, вели Заев.

Табеларен приказ на раст на плати на Влада – Извор ДЗС

ЗАКОН ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА

Во декември 2011 год. Собранието донесе Закон за минимална плата, кој почна да се применува со платата за јануари, 2012 год. Претходно,  минималната плата или „најниската плата за одделни степени на сложеност“ се регулираше со грански колективни договори. Висината на минималната плата изнесуваше 39,6% од просечната бруто плата, или 8.050 денари во нето износ. Веќе во 2014 година, наместо процент од платата остварена во минатата година, тогашната Влада одлучи да се утврди фиксен износ 8.800 денари во нето износ за 2014 година, 9.590 денари за 2015 година и конечни 10.080 за 2016 година.

Во 2017 година минималната плата беше зголемена за 3.500 денари и досега изнесуваше 12.507 денари, а со последното законско решение, таа се зголеми на дополнителни 2.000 денари и изнесува 14.500 денари. Со законот што се усвои во 2017 година, првпат се изедначи минималната плата и за работниците од текстилната и кожарската индустрија со другите гранки.

ПРОВЕРКА НА ЕВЕНТУАЛНИ ЗЛОУПОТРЕБИ

Директорката на УЈП Сања Лукаревска информираше дека до Управата за јавни приходи и претходниот период, а претпоставува дека сега ќе пристигнуваат и анонимни пријави или пријави на кои се имаат потпишано работници кои се соочуваат со ваков проблем.

Секогаш ние тие пријави ги доставуваме на понатамошно постапување од страна на Државниот трудов инспекторат. Ние постапуваме во нашиот дел во рамки на даночната област, но трудовиот инспекторат треба да утврди на лице место дали има какви било злоупотреби, рече Лукаревска.

Минималната плата, ако се земат предвид животните трошоци, сѐ уште е ниска, но како што велат работниците, соговорници на Фронтлајн, секој денар е драгоцен. Ако само до пред неколку години минималецот беше само 8.000 денари, од овој месец тој изнесува 14.500 денари. Со ветување од премиерот Заев дека идната година ќе расте.

И. Т. Зафировска

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Ципрас и Заев им ја доделија Преспа наградата за мир на режисерите на документарниот филм „No Other Land“

June 10, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Пренесувањето на „Ричард трети“ на Албанскиот театар во денешно време е одлично дело поставено на театарската сцена

June 10, 2025

Тежина, звук и дамка: Клуч за избор на совршена лубеница

June 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Падна ChatGPT

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ги доби ли премиерот двете илјадарки да купи 62 свеќи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Били Ајлиш и Нат Волф потврдија романса со бакнеж во Венеција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не, не се разбираме расисту филип т. петровски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски преку реторика анти-ДУИ, облекува „патриотска“- анти-државничка облека!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk