Спасувачките екипи пронајдоа четири тела и трагаат по уште четворица во урнатините на една куќа по експлозија на гас во Полска.
Гувернерот на полицијата вели дека телата на жртвите, меѓу кои е и едно дете, најдени се утрово.
Спасувачите продолжуваат да копаат со раце по урнатините во потрага по исчезнатите. Температурата е под нулата, а има и снег, јави АП.
Во трикатната куќа живееле девет членови на две семејства. За време на несреќата во средата вечер, едно лице не било дома, рекле пожарникарите.