Учениците и професороте од струшките ПСУ-Јахја Кемал и ПОУ Јахја Кемал – Џуниор денеска во Домот на култура „Браќа Миладиновци” во Струга организираат хуманитарен концерт за настраданите во катастрофалниот земјотрес што ја погоди соседна Албанија, пренесе МИА.
Како што информираат организаторите, цената на билетот ќе биде произволна за секој посетител, а собраните средства ќе бидат подарени на најпогодените семејства.
Училиштето исто така, спороведува акција за собирање храна, средства за хигиена и други производи кои ќе бидат донирани во Албанија.