ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнува кампањата за одговорно сопствеништво и намалување на бројот на бездомни кучиња

Кампањата, пак, за одговорно сопствеништво треба да ја подигне јавната свест за благосостојбата на животните, со акцент на стерилизацијата и микрочипирањето на домашни миленици, како една од мерките за спречување на зголемувањето на бројот на кучиња скитници.

December 5, 2019 10:19
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе се одржи промоција на проектот„Подобрена имплементација на законодавството во делот на здравјето на животните, безбедноста на храната и фитосанитарната област и соодветните информациски системи“ со што и официјално ќе почне кампањата за одговорно сопствеништво и намалување на бројот на бездомни кучиња, пренесе МИА.

На промоцијата ќе се обратат министерот Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов и раководителот на Секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини.

Станува збор за ИПА проект чија цел е заштита на здравјето на луѓето, животните и растенијата во насока на подобрување на конкурентноста на македонските земјоделско – прехранбени производи на европскиот и светскиот пазар. Со проектот ќе се зајакнат и постоечките системи на надлежните институции.

Кампањата, пак, за одговорно сопствеништво треба да ја подигне јавната свест за благосостојбата на животните, со акцент на стерилизацијата и микрочипирањето на домашни миленици, како една од мерките за спречување на зголемувањето на бројот на кучиња скитници.

Носител на проектот е Агенцијата за храна и ветеринарство, а во реализацијата ќе бидат вклучени Министерството за земјоделство, Фитосанитарната управа, Управата за семе и саден материјал, Државната фитосанитарна лабораторија и Државниот инспекторат за земјоделство.

Next Post

Зимата со натпросечни температури и просечни врнежи

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk