ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИНФО ПИТ

Зимата со натпросечни температури и просечни врнежи

Според УХМР, очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морето во последните неколку месеци укажуваат и на пораст на температурите на воздухот, како и на поголемиот дел од европскиот континент, така и во земјава

December 5, 2019 10:20
in ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Топла со натпросечни температури и врнежи во рамки на повеќегодишниот просек се очекува да биде зимата.

Според УХМР, очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морето во последните неколку месеци укажуваат и на пораст на температурите на воздухот, како и на поголемиот дел од европскиот континент, така и во земјава, пренесува МИА.

Температурата на воздухот во декември, јануари и во февруари има поголема веројатност да биде натпросечна, со позитивно отстапување од околу два степена од многугодишниот просек. Отстапувањата се очекува да бидат поизразени во источниот дел на земјата, каде што пак ќе има позитивно отстапување во однос на врнежите, кои во земјава се очекува да бидат просечни.

Овој месец температурата се очекува да биде над просечните вредности, а за врнежите постои поголема веројатност дека нема да ги достигнат просечните вредности. Во јануари температурата, исто така, има поголема веројатност за надминување на просекот, а веројатноста е најголема дека врнежите ќе бидат во рамките на просечните. Во февруари исто се очекува температури повисоки од просекот, кои не се очекува да надминат повеќе од еден степен, а врнежите во источниот дел може да го надминат просекот, додека во западниот дел ќе бидат потпросечни.

Просечната температура за зимата во периодот од 1981 до 2010 година се движи од минус 1,5 степен во Маврово до пет степени во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90 милиметри во Штип до 319,4 милиметри измерени на метеоролошката станица во Лазарополе. Просечната температура за Скопје изнесува два степени, а просечната количина врнежи 110 милиметри.

Од УХМР напоменуваат дека сезонските изгледи не можат да обезбедат детални информации за тоа дали ќе има интензивни краткотрајни временски непогоди, како зимски бури, екстремно студени периоди, екстремно влажни

Next Post

СДСМ: Не успеаа намерите на ВМРО-ДПМНЕ да ја врати незаконската аболиција на Иванов

Shortcut

Најново

Политиката пред правото? „Мазут“ повторно во истрага – Вишото ЈО бара нови вештачења иако претходно немаше утврдена штета

August 31, 2026
Image: Bing Image Creator

Како вештачката интелигенција го менува нашиот живот: Фикцијата останува фикција, но Механизмот…

August 31, 2026
Фото: Томислав Георгиев

„Фолтин“ со јубилеен концерт во Хераклеа одбележа 30 години со публиката

August 31, 2026

Штерјова: Автобуси што горат и превоз што не функционира – ова е резултатот од 10 месеци Орце Георгиевски

August 31, 2026

Цаневска: Македонија има највисока стапка на западнонилска треска во Европа – кој ја менаџира кризата во Скопје?

August 31, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk