ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев: Ќе влеземе во прочистување на правосудството, нема да влеземе во ветин

Ние сме во сосема различна состојба од Албанија затоа согласно постојните закони каде што надлежност има Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, каде што надлежност има Антикорупциската комисија, УЈП заедно со Централниот депозитар, со Катастарот може да ја направи проверката, која што еве во моментов се прави врз нас, врз министрите во Владата. За мене се прави комплетно проверка на имот, на лична финансиска состојба, на моето семејство, тоа се прави и на министрите и тоа е добро, тоа е здраво. И сега треба да се прави и на судиите и на обвинителите на еден транспарентен начин согласно законите, истакна Заев

December 5, 2019 15:53
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија нема да влезе во ветинг, ќе влезе во прочистување на правосудството, изјави денеска премиерот Зоран Заев, пренесува МИА. Некој, вели тој, може тоа да го кажува како ветинг.

– Ние сме во сосема различна состојба од Албанија затоа согласно постојните закони каде што надлежност има Судскиот совет, Советот на јавните обвинители, каде што надлежност има Антикорупциската комисија, УЈП заедно со Централниот депозитар, со Катастарот може да ја направи проверката, која што еве во моментов се прави врз нас, врз министрите во Владата. За мене се прави комплетно проверка на имот, на лична финансиска состојба, на моето семејство, тоа се прави и на министрите и тоа е добро, тоа е здраво. И сега треба да се прави и на судиите и на обвинителите на еден транспарентен начин согласно законите, истакна Заев.

Премиерот уште еднаш денеска ја повика ЕК да се вклучи во големи случаи и да прави комплетен мониторинг.

-Официјално како претседател на Владата ја повикувам ЕК да го направи тоа заради тоа што тоа може да направи сериозен придонес во зајакнувањето на правната држава и владеењето на правото во државата, рече Заев.

Потсети дека во изминатиот период се исполнети многу ветувања, како членството во НАТО и датум за почеток на преговори со ЕУ со, како што кажа, со потврдени сто отсто завршени реформи.

-Економските перфоманси се одлични до државата. Гледате дека од сопствени пари се зголемуваат платите, се прават капиталните инвестиции, се поддржува стопанството. Изборите се потврдени на 12 април и ние ќе победиме заради резултатите. Но дотогаш треба да работиме. Тоа значи ако треба Парламентот да носи автентично толкување, тоа ја носи својата одлука и став и ја испраќа јасно пораката: членот 11 не постоел, рече премиерот, кој денеска беше во посета на Волково.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Измените на Законот за јавнообвинителска служба в среда на собраниска седница

НАЈНОВО

Фото:МИА

Кочани шест месеци подоцна – „Не е само несреќа, ова е трагедија што можеше и мораше да се спречи“

September 16, 2025

Јаневска вели се работи за недоразбирање, СДСМ реагира – Со една работа се пофалија и таа ја излажаа, учебници нема

September 16, 2025

Откриени нови детали за двојното убиство и самоубиство во Велес

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски смета дека единствено Левица ѝ фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk