ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЗЕЛС предлага промена на системот на локалната власт

Предлог-концепт оди во три насоки: фискална децентрализација, проширување на надлежностите на единиците на локална самоуправа и промени во организација на локалната власт.

December 5, 2019 15:42
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Градоначалниците и советниците – делегати на Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија – ЗЕЛС ќе бидат информирани до каде е реализацијата на новиот предлог-концепт на ЗЕЛС за унапредување на системот на локалната власт во нашата земја, за што во изминативе шест месеци разговаравме со Владата.

Предлог-концепт оди во три насоки: фискална децентрализација, проширување на надлежностите на единиците на локална самоуправа и промени во организација на локалната власт.

Ова денеска го изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначаланик на Град Скопје, Петре Шилегов пред почетокот на Генералното собрание на ЗЕЛС, кое ја одржува петтата седница.

Тој информира дека овој концепт веќе се разгледува од одредени министерства и од Владата. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како што рече, веќе прифати дел од своите надлежности да префрли на локално ниво, како што е управувањето со земјоделско земјиште, шуми и пасишта. Во областа на културата направени се анализи за префлање на повеќе културни и национални установи на локално ниво.

– Се преговара со МВР за создавање општинска комунална полиција и за пренесување на дел од управните работи на МВР и Управата за водење на матични книги. Општините најмногу се залагаат за преземање надлежности од центрите за социјална работа, за што Министерството за труд и социјална политика посочува дека првенствено треба да се почека на „заживување“ и спроведување на новиот Закон за социјална заштита, а потоа да се пристапи кон префрлање на определени надлежности. Рокот кој го посочи Министерството е една година, изјави Шилегов.

Тој информира дека имаат определени барања и во делот на примарна здравствена заштита.

– Во делот на фискалната децентрализација предлагаме деа се зголеми зафаќањето од ДДВ од сегашните 4,5 на 10 отсто во полза на општините и зафаќање од сегашните три на 50 отсто од персоналниот данок на доход. Дел од приходите од Законот за игри на среќа и забавни автомати да биде приход и на единиците на локална самоуправа, а етапно да се зголемува и стапката на данок на имот, да се интегрираат капиталните дотации во една и да се основа Фонд за локален развој, посочи Шилегов.

Третата област, како што рече, се промените во организација на локалната власт и оди во насока на утврдување на можностите за напуштање на монотипниот вид на единици на локална самоуправа и воспоставување на политипен вид, иницијатива за избегнување на паралелните надлежности на Град Скопје и општините во него и промени во составот на Советот на општините. Тој најави дека за сето ова ќе се дискутира денеска.

– На оваа седница ќе разговараме и за тоа како ние управуваме со веќе дадените надлежности, како ги собираме сопствените приходи, особено данокот на имот. Имаме општини кои собираат само 20-30 отсто од овие приходи и ќе треба да се подигне свеста кај општините и кај граѓаните зошто се плаќа овој данок. Треба да ја ревидираме базата на податоци и да направиме репроценка на имотите што се наоѓаат на територија на секоја општина подинечно, рече Шилегов.

На седницата ќе бидат разгледани и најзначајните документи за работењето на Заедницата за следната година: Акцискиот план и Буџетот на ЗЕЛС за 2020 година, а на дневен ред се ставени и одредени измени на Статутот на ЗЕЛС. 

Next Post

Заев: Ако Шпанија не го ратификува Протоколот за НАТО, можна условна ратификација кај нас

НАЈНОВО

Фото: „Или-Или“

„Ноември“ – дебитантска стихозбирка на Игор Анѓелков

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Синер го објасни пропуштањето на Дејвис купот: Ми треба време да закрепнам од притисокот

November 5, 2025

Флик сака да ја напушти Барселона?

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ибраими: Без владеење на правото и уставни измени, Македонија останува надвор од европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk