Заменик-министерката за внатрешни работи на Албанија, Ровена Вода, соопшти денеска дека 3.135 граѓани се евакуирани, а 5.497 домови се тешко оштетени по катастрофалниот земјотрес во земјата, пренесе Нова Македонија.
Вода додаде дека во земјотресот биле оштетени 12 здравствени центри и простории за вонредни ситуации.
Земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, ја потресе Албанија во 3:55 часот по полноќ на 26 ноември, а во него загинаа 51 лице и повредени беа повеќе од 900 луѓе.