Водостојот на Вардар на мерното место кај Јегуновце е за повеќе од двојно повисок во однос на вчера, а на останатите три мерни места е речиси ист со вчерашниот, покажуваат последните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Сепак, нивото на Вардар и на останатите реки во земјава е пониско од вообичаеното за декември.
Водостојот на трите природни езера, пак, е ист како вчера, но кај Дојранското Езеро е повисок од повеќегодишниот просек за овој месец, а кај Преспанското и Охридското понизок.