ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Новите даноци на возила дел од еколошките мерки, нема големи промени во стапките

Зголемувањето на данокот на моторни возила, што законски ќе се регулира и веќе е во собраниска процедура е во насока на мерките, што се преземаат за заштита на животната средина, порача премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата на која беше промовиран проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи

December 6, 2019 16:05
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемувањето на данокот на моторни возила, што законски ќе се регулира и веќе е во собраниска процедура е во насока на мерките, што се преземаат за заштита на животната средина, порача премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата на која беше промовиран проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи, пренесува МИА.

-Со новиот закон дефинитивно се водиме од еколошките параметри и тоа мораме и требаме да го направиме, бидејќи поминуваме на едно повисоко ниво и во делот на еколошката заштита во увозот и купопродажбата на моторни возила. Ако досега стапките биле 18 отсто, отсега ќе бидат 20 отсто во делот на даноците, нагласи Заев.

Истакна дека нема големо покачување, но има демотивација за купување на стари возила, кои функционираат согласно лошите еколошки стандарди.

-Верувам дека за енергетските, хибридните возила ќе одиме на најниското можно ниво, стимулативно, но ако ме прашате колку ќе бидат стапките за електрични возила, ЕУРО6, ЕУРО4, не би можел сега во моментов да ви кажам премногу стручни детали, истакна премиерот.

Воведување данок на возила и зголемување на надоместоците кои се плаќаат при увоз на стари возила, се дел од мерките кои се предвидуваат за намалување на емисијата на гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина во земјава, предвидени со новиот закон за животна средина.

Новите мерки имат цел постепено заменување на возниот парк, имајќи предвид дека транспортот, заедно со енергетиката, отпадот и градежништвото е еден од најголемите загадувачи во земјава.

Ана Петровска државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање на неодамнешната дебата посветена на заштита на животната средина истакна дека одлучиле да направат одредени непопуларни мерки, кои ќе влијаат на обновување на возниот парк особено во делот на зголемување на надоместоците кои се плаќаат при увоз на стари возила.

Оваа мерка, како што посочи Петровска на панел на конференцијата во Скопје „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“ нема сериозно да ги загрози социјалните услови на населението, но ќе даде еден сигнал дека навистина увозот на стари возила придонесува негативно на загадување на воздухот и климатските промени.

Појасни дека закон за данок на возила го  заменува Законот за акцизи, според кој акцизата се плаќаше според вредноста на возилата, а сега во формулата е вклучен и факторот на ЦО 2 емисиите. Тоа значи дека со овие мерки ќе се влијае на постапно заменување на возниот парк. Приходите од овие зголемени такси ќе одат во насока на зголемување на инвестициите за намалување на климатските промени.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

При полетувањето и слетувањето, ролетните на авионот треба да бидат подигнати

July 20, 2025

Мистеријата на рачните чанти: Антички симбол или трага од изгубено знаење?

July 20, 2025

Македонија во фокусот на европскиот спорт: Започнува ЕМОФ Скопје 2025

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флора имагинариум на Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРОВСКА ПРОПАГАНДНА КУЈНА: Туѓото е послатко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk