ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ разоткри голем скандал за себе, со паралелниот увоз го ризикувале здравјето и животот на дијабетичарите!

СКАНДАЛ! ВМРО-ДПМНЕ се разобличи самото себе! Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, инсулин со сомнителен квалитет, опасен по здравјето, примале и децата-дијабетичари. Тој инсулин беше уништен деновиве.

December 8, 2019 17:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нешто чудно се случува со јавната комуникација на ВМРО-ДПМНЕ. Во трката со самите себе си, да продуцираат што е можно повеќе лажни вести и дезинформации, функционерите на оваа партија, често си пукаат во сопственото колено. Во брзањето да ја обвини владата за уништување на инсулин, ВМРО-ДПМНЕ, преку пресот на Марија Андоновска, се разобличи самата себе си и на виделина изнесе голем скандал од времето на сопственото криминално владеење.

Инсулинот за кој денеска зборуваше Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ, е со сомнителен квалитет и опасен за здравјето на пациентите, а бил снабдуван преку паралелен увоз во времето кога со Министерството за здравство раководеше токму оваа партија на чие чело беше и познатиот омнибус министер, Никола Тодоров, инаку познат под прекарот Министер за смрт.

„Аферата уништување на инсулин со валиден рок продолжува, овој пат и со документи. Владата и надлежните институции молчат после вчерашната прес конференција на која јавно обзнанивме дека постојат индиции дека се уништени 1,2 тони инсулин од кои огромен дел, односно половина тон биле со валиден рок“ – изјави Марија Андоновска на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

Но нешто друго е во прашање. На пресот на ВМРО-ДПМНЕ не стана збор за кој и каков инсулин се работи. На тоа прашање стигна одговор прво од Министерството за здравство.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори пред граѓаните зошто набавувало сомнителен инсулин за граѓаните, а не да манипулира на сметка на здравјето на пациентите. Министерството за здравство информира дека уништувањето на инсулинот е од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото отстранување е направено со одлука на Владата на Република Северна Македонија. Нема да дозволиме нашите граѓани да користат сомнителен инсулин. Уништениот инсулин од паралелен увоз е вреден 330 илјади евра, а не еден и пол милион евра како што говорат во нивната прес-конференција“ – одговори Министерството за здравство преку соопштение.

Редакцијата реши да побара потврда за тврдењето на Министерството за здравство. Логично, побаравме за оваа тема да проговорат токму најзасегнатите, дијабетичарите.

„Го поздравуваме чекорот на МЗ што конечно, се реши да го уништи во целост неквалитетниот инсулин. Со години наназад, силно реагиравме дека тој инсулин, не само што не ни помага, туку ни прави штета. Одамна се навикнавме да не им веруваме на непотврдените и манипулативните вести. Знаеме дека сегашните политики на Министерството за здравство се такви што тие не би уништиле ни едно „пенкало“ (доза инсулин), а не, пак, поголема количина од инсулинот што е набавен пред само неколку месеци“ – изјави Димче Велев, Претседател на Здружение на дијабетичари „Шеќерче – Лолипоп“ за FRONTLINE.MK.

Што се однесува до набавките на инсулин во земјава, Владата на Зоран Заев внесе низа измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински средства, така што сега сите пациенти со дијабетес имаат оригинален инсулин со сертификат за квалитет.

Министерството за здравство изјави дека „пациентите користат квалитетни и оригинални инсулини. Не е како порано пациентите да не знаат каков инсулин примаат. Воведовме три нови типови на инсулини, кои се најнова генерација на лекови“.

Воедно, Министерството апелира до ВМРО-ДПМНЕ да престане да креира лажни вести и преку манипулации да собира дневно политички поени.

Во меѓувреме, Редакцијата FRONTLINE.MK додаде уште четири прашања на долгата низа до сега неодговорени прашања од ВМРО-ДПМНЕ:

  1. Дали во вашата партија, ВМРО-ДПМНЕ, постои експертиза за квалитетот на инсулинот што го набавивте со паралелен увоз во времето на вашето владеење, а кој го уништи Министерството за здравство?
  2. Дали во вашата партија постои некаква анализа за вашите политики на снабдување на пазарот со лекови? Ако одговорот е потврден, ве молиме да ги споделите со јавноста.
  3. Што ќе кажете во одговор на тврдењата на експерти и граѓански здруженија на дијабетичари дека со вашите политики во здравството сте го ризикувале здравјето и животот на пациентите со набавката на инсулин со сомнителен квалитет?
  4. Министерството за здравство тврди дека „уништениот инсулин од паралелниот увоз на ВМРО-ДПМНЕ е вреден 330 илјади евра, а не еден и пол милион евра“ како што се тврди на вашата прес-конференција. Како дојде до таа разлика во сумите? Дали можеби постои некоја набавка за која не знае јавноста?

Во очекување на одговорите од ВМРО-ДПМНЕ, добро е да се потсетиме дека во Северна Македонија има околу 180.000 дијабетичари од кои 40.000 примаат инсулинска терапија. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, инсулин со сомнителен квалитет, опасен по здравјето, примале и децата-дијабетичари. Тој инсулин беше уништен деновиве.

Џабир Дерала

Next Post

Намалена видливост од 50 до 100 метри на патот Страцин – Крива Паланка

НАЈНОВО

Салиу: Меѓународниот ден на ромскиот јазик, не потсетува дека јазикот не е само средство за комуникација, туку и знак и на идентитетот, достоинство и духовна сила

November 5, 2025

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

November 5, 2025

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk