ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Дескоска: Направивме значаен чекор во усвојувањето на законодавството на ЕУ

Денешното потпишување на четирите меѓународни инструменти претставува значаен чекор во поглед на хармонизацијата на законодавството на Република Северна Македонија со правото на ЕУ

December 9, 2019 17:17
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Република Северна Македонија е членка на 10 Хашки конвенции: седум конвенции се наследени од СФРЈ, додека пак три беа ратификувани од осамостојувањето, соопшти денеска Министерството за правда, пренесе МИА.

Министерката за правда Рената Дескоска, во името на Владата на Република Северна Македонија, денеска во Хаг потпиша три меѓународни конвенции и еден протокол.

-Денешното потпишување на четирите меѓународни инструменти претставува значаен чекор во поглед на хармонизацијата на законодавството на Република Северна Македонија со правото на ЕУ. Станува збор за следните четири меѓународни инструменти на Хашката Конференција: Kонвенцијата за надлежност, меродавно право, признавање, извршување и соработка во поглед на родителската одговорност и за мерките за заштита на децата, од 19 октомври 1996 година, Kонвенцијата за спогодбите за избор на суд, од 30 јуни 2005 година, Kонвенцијата за меѓународно остварување на правата за издржување на детето и други облици на издржување на семејството, од 23 ноември 2007 година и Протоколот за меродавното право кое ќе се применува на обврските за издршка, од 23 ноември 2007 година, информираат од Министерството за правда.

Република Северна Македонија усвои унифицирани правила на меѓународното приватно право што се предвидени во наведените инструменти.

-Со потпишувањето на инструментот денеска се придружуваме на групата земји кои ја препознаваат конвенцијата како корисна алатка што им гарантира на странките дека спорот ќе се решава пред судот кој тие го избрале со спогодбата за избор на суд и дека истата таа пресуда ќе може да се признае и изврши во некоја од другите земји потписнички, се наведува во соопштението.

Една од конвенциите претставува инструмент кој ќе овозможи судскиот начин на решавање на споровите да стане стварна и привлечна алтернатива на меѓународната трговска арбитража.

Една од областите на кои Хашката Конференција, како што велат од Министерството за правда, напорно работи е и заштита на децата кои се изложени на ризик во прекугранични ситуации.

-Со денешното потпишување на третата од оваа серија конвенции Република Северна Македонија изразува силна политичка волја да им се придружи на државите кои се решени со заедничка акција да работат секогаш во духот на принципот на почитување на најдобриот интерес на детето, стои во соопштението.

Третата Конвенција од низата детски конвенции која Дескоска ја потпиша денеска, како што информираат од Министерството за правда, е многу поширока по обем од првите две Хашки конвенции од истата серија, притоа опфаќајќи многу поширок спектар на граѓански мерки за заштита на врската со децата, родителската одговорност и примена на јавни мерки на заштита или заштита на имотот на децата.

Постојните инструменти на Хашката конференција за заштита на правата на детето заедно со Конвенцијата и Протоколот од 2007 година, кои исто така се потпишани денеска, имаат за цел да воспостават модерен, ефикасен и лесно достапен меѓународен систем за прекугранично остварување и наплата на детскиот додаток и другите форми на семејна издршка.

Ова е особено важно за целината на системот за заштита на детските права, како на национално така и на меѓународно ниво, бидејќи економската основа е стартна точка за многу други последователни мерки и активности кои имаат за цел да бидат едноставни и достапни за граѓаните на земјите членки на Конвенцијата кои бараат детска издршка во други земји.

-Со истовремено потпишување на Конвенцијата и Протоколот од 2007 година, Република Северна Македонија денеска, несомнено застанува на страната на земјите кои ќе придонесат за надминување на воочените проблеми во праксата наместо континуирано соочување со истите, се наведува во соопштението од Министерство за правда. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Костадин Костадинов на ФБ

Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

July 17, 2025
Daniel Paz

Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

July 17, 2025

Велика Британија планира да ја намали возраста за гласање на 16 години во рамките на изборната реформа

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk