ЦИВИЛ како организација за човекови права и слобода, денеска, на Меѓународниот ден на човековите права потсетува на член 25 од Универзалната Декларација за човекови права: сeкoj имa прaвo нa живoтeн стaндaрд штo нeму и нa нeгoвoтo сeмejствo ќe им oбeзбeди здрaвje и дoбрoбит, вклучувajќи xрaнa, oблeкa, живeaлиштe и мeдицинскa грижa и нeoпxoдни сoциjaлни услуги и прaвo нa oсигурувaњe вo случaj нa нeврaбoтeнoст, бoлeст, инвaлиднoст, вдoвствo, стaрoст или вo друг случaj нa нeдoстaтoчни срeдствa зa живoт пoрaди oкoлнoсти штo сe нaдвoр oд нeгoвaтa кoнтрoлa. ЦИВИЛ потсетува дека државата и институциите се должни да обезбедат достоинствен живот за секој граѓанин.
Но, онаму каде тие не успеваат, солидарноста и хуманоста на граѓанките и граѓаните и граѓанските здруженија се повеќе од добредојдени. Затоа денеска, за време на одржувањето на Фестивалот на слободата во Музеј на Град Скопје, во органзација на ЦИВИЛ, од 17:30 до 23 часот, граѓанките и граѓаните ќе можат да остават донација, свој мал придонес за таткото и петте дечиња.
Бидејќи се собрани доволно прехранбени продукти, облека и средства за лична хигиена, вашиот паричен придонес би бил добредојден, а сите собрани средства ќе бидат уплатени на сметката на Ајнур Симоновски.
Поттик за оваа акција е социјалната сторија за субстандарните услови во кои живеат самохраниот татко Ајнур Симоновски и неговите малололетни деца.
Да помогнеме, да бидеме хумани, секој да има достоиствен живот!