ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законски измени и правилници за барањата на родителите на деца со попреченост

Минатата годината, Владата го зголеми посебниот додаток за деца со попреченост беше за 15 проценти, надоместот за скратено работно време е покачен до 50 проценти од просечна плата

December 10, 2019 21:08
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Во наредниот период ќе се работи на законски измени и правилници со коишто ќе се опфатат иницијативите и барањата на родителите на деца со попреченост, најавиле министрите за труд и социјална политика, Мила Царовска, за здравство Венко Филипче и за транспорт и врски Горан Сугарески денеска на средба во Владата со претставници на родителите, пренесе МИА.

Дел од инцијативите и барањата се зголемување на правото за попреченост, намалување на старосната граница за користење на персоналната асистенција, ослободување од партиципација на лицата со попреченост над 26 години и можноста за користење на лесно пристапни социјални станови. Во делот на барањата се и добивање на надстандардни ортопедските помагала за што министерот Филипче најави дека во тек се законски измени, соопшти владината прес-служба.

Оттаму истакнуваат дека Владата посветено работи на подобрување на условите за живот на сите лица со попреченост во државата. Минатата годината, потсетуваат, посебниот додаток за деца со попреченост беше зголемен за 15 проценти, надоместот за скратено работно време е покачен до 50 проценти од просечна плата, проширено е правото на користење на додатокот за попреченост и за лицата со интелектуална попреченост.  Со Закон за социјална заштита, родителот кој се грижи за своето дете до неговата 26 година без да биде институционализиранo и кој е невработен и не користи старосна пензија, има право на пензија. Ова право жените го остваруваат на 62 години, а мажите на 64 години возраст. Исто така, воведени се две целосно нови услуги- персонална асистенција и помош во домот.

Next Post

Од 1 јануари почнува транзитната испорака на природен гас од „Турски поток“ кон Грција и Северна Македонија

НАЈНОВО

Фото: Амбасада на Јапонија

Јапонската култура во Македонија: Почнуваат Деновите на филм и анимација во Скопје и Битола

November 4, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Австралија воведува програма за бесплатна соларна енергија за домаќинствата, дури и без соларни панели

November 4, 2025

Пробив во базата на податоци на Универзитетот на Пенсилванија: Хакери испратиле навредливи пораки до студенти и донатори

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk