„Знаеш колку е исшетан тој куфер? Колку е изнасниман?“, се слуша гласот на Орце Камчев, сведок во „Рекет“, на новата аудиоснимка која е објавена на YouTube, a пренесе А1он.
„Кај идел со него?“, прашува друг глас. „У Загреб, у Италија, у ку*ои. Па со Зоки биле у Милано заедно. А бе, Зоки се плеска со него, што е работава?“, продолжува Камчев.
Во снимките се слуша машки глас кој наликува на бизнисмен кој е сведок во „Рекет“ кој кажува дека торбата со парите не завршила кај Заев. Додава дека во неа имало ГПР, а била изнесувана и надвор од Македонија. Во снимката се споменува и обвинителката Вилма Руковска.
„Море, а што ни помогна? Од куќен притвор, Врховен, Јово не пушти. Не не пуштија они. Што зборите вие?“
Во третата снимка се вели:
„Дали од кај Вилма? Таму кујзнае кој работи за ВМРО. Новата Вилма треба да биде некоја од тие. Може ги лапнала и ги дала на Мицко. И она е обвинителка утре. Сите на одмор се бе, кој сака може да влезе во компјутер“.
Во четвртата снимка се вели:
„Видовте ли колку прегледи има снимката за парите? Милион и пол. Најголемиот дел ги лапа Сашо со бомбите со 300 илјади, ова за 24 часа стигна 8, значи милион и пол прегледи. Кога гледаат кеш е друга приказната.“, по што се слуша гласно смеење.
Во петтата снимка се вели:
„Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?“, на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“.
„Видовте ли колку прегледи има снимката за парите? Милион и пол. Најголемиот … ги лапа Сашо со бомбите со 300 илјади, ова за 24 часа стигна 8, значи милион и пол прегледи. Кога гледаат кеш е друга приказната.“, по што се слуша гласно смеење.
Потоа во снимката се коментира моментот кога Бојан Јовановски видел што има во торбата.
„Тоа не е се. Ги нема она кога отвора Боки, само го има звукот. 50 се. Само го има звукот. Вика ‘Што е ова 50“, викам, „Капитал, гледаш … бизнисмен’. Јас намерно го знам, го монтирам. ‘Какви се овие банки да немаат 500 во Македонија’ и тоа го збори“, по што повторно следи смеење.
Соговорникот прашува „Добро Боки вистина ги однесе парите таму бе?“, на што следи одговор „Тоа не смеам да го зборам, тоа е дел од истрага. Има џи-пи-ес, се има. У рачка, у металното. Је*ига“, одговара другата страна чиј глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во “Рекет“, но и обвинет во случај на СЈО. Потоа, повторно се слуша прашање „Му ги дал на него?“, па следува нов одговор од гласот кој наликува на сведокот „Не знам, куферот не е кај Заев“.