Од новите ‘бомби’ разбравме осум работи…
1. Парите не се кај Заев (овој податок е шамар за дпмнеовците коишто не престанаа со инсинуации за тоа кај завршиле парите)
2. Признание од „Сведокот“ дека дал на истражител 100 илјади евра за едно стикче (не е ли ова доволно за притвор?)
3. „Сведокот“ праќал пораки со коишто барал никакви информации за рекетот да не и’ се даваат на Вилма (не е ли и ова доволно за притвор?)
4. „Сведокот“ повторно се заканува со КРВОВИ (не е ли и ова доволно за притвор?)
5. „Сведокот“ се жали дека власта ништо не му помогнала и дека Врховен и Јово всушност биле тие што се заслужни за пуштањето од притвор (уште еден шамар за ДПМНЕовците… Ама и за мрчаторите… Ама и за мудросери како Геро, Милчин, Ивор, Апасиев…)
6. Обраќање на Заев до „сведокот“: „Друже мој, Македонија треба да стане европска држава, правна држава. Да одиш ти утре да си пријавиш.“ (А ова е па најголемиот шамар за дпмнеовците… Им пропаднаа намерите за политички да профитираат со аферата „Рекет“)
7. Некој си новинар Геро се спомнува како врска што ќе ‘пука’ некакви си нови бомби што ќе стигнуваат од Бугарија (Оската Мицко – Камчев – Геро одлично функционирала)
8. Некој Дејан ги фатил Боки 13 и Зоки Кичеец дека ‘се плескаат’ (ова е најмалку битно, а гледам по реакциите дека предизвика најмногу интерес… Македонија, земја чудесна!?)
Пишува Ацо Лукароски на својот Фејсбук профил