Претседателот Стево Пендаровски во посета на граѓаните од дебарско-мијачкиот крај, во домашна атмосфера кај своите домаќини Мајовци, ужива во традиционалните звуци на зурлите и тапанот.
Вистинско доживување е да се биде гостин во куќата на потомците на славните Мајовци каде зурлите поврзуваат три генерации, пишува Пендаровски.
Претседателот бил во домот на Мајовци и како што вели, имал одлична можност да слушне автентичен звук на зурли и тапани кои потсетуваат на Тешкото како симбол на нашата историја, или пак нераскинлив дел од традицијата, на Галичката свадба најавувајќи ја веселбата.
Мајовци се одлични познавачи на традициите и ората на сите заедници во дебарско-мијачкиот крај и ја негуваат нивната разноликост, вели претседателот Пендаровски, споделувајќи ја својата посета на социјалните мрежи