Немањето попис повеќе од 18 години придонесува до зголемените малверзации со етничката припадност за влез во јавната администрација.
Министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски информираше дека предлагаат укинување на софтверот „Балансер“ кој однапред ја одредуваше етничката припадност за кое било вработување.
– Не постојат законски санкции за некој кој ќе се обиде да го изигра системот – додава Манчевски вели дека ќе се укине софтверот “Балансер” кој одредуваше за која работна позиција каков етникум треба да биде поставен.
Сепак, според него, нема начин како да се санкционираат оние кои злоупотребуваат бидејќи етничката припадност е лично чувство, но директорите ќе треба да внимаваат да нема злоупотреби.
Вчера пак, Канал 5 објави дека четворица етнички Македонци се пишале како Албанци, двајца како припадници на други националности, за да бидат примени во противпожарната служба во Скопје.
Б. Б.