Поранешниот македонски амбасадор во Љубљана Тони Димитровски вчера околу 15.30 часот кон соседот С.А. вперил автоматска пушка која ја репетирал, дознава „Слободен печат“.
Инцидентот се случил во зграда на улицата „Тодор Александров“ во Скопје. На инцидентот му претходела расправија. Соседите ја алармирале полицијата која за брзо време пристигнала пред станот на Димитриевски. Во неговиот стан полицајците освен автоматската пушка пронашле и пиштоли и муниција. По извршениот увид Димитриевски бил повикан во полициска станица.