ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Премиерот Заев со владината администрација во еко-акција

Премиерот информираше за активностите на Владата кои се во насока на заштита на животната средина, посочувајќи дека за првпат се издвојуваат посебни буџетски средства исклучиво за намалување на аерозагадувањето.

December 14, 2019 14:25
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Секој човек има право на здрава животна средина, но истовремено и секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата во својата локална заедница, порача денеска премиерот Зоран Заев од ОУ „Панајот Гиновски“ во Бутел каде со владината администрација учествуваше во акцијата ,,Администрацијата чисти со Не биди ѓубре”.

-Доследно почитување и практикување на овие принципи претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме и на свеста на граѓаните и севкупно врз граѓаните за да успееме да ги сочуваме локциите откако ќе заврши оваа акција, рече Заев.

Премиерот информираше за активностите на Владата кои се во насока на заштита на животната средина, посочувајќи дека за првпат се издвојуваат посебни буџетски средства исклучиво за намалување на аерозагадувањето. Во рамки на тој буџет во тек е спроведување на според него најголемата поединечна инвестиција во историјата на земјата за грижа за животната средина со издвојување на 10 милиони евра  за инвертер климите кои ќе ги заменат печките на дрва и нафта во 10 илјади домаќинства во Скопје, Тетово, Битола и Куманово.

Заев потсети и на субвенциите што ги доделува Градот Скопје на домаќинствата и другите субјекти за чистење на оџаци, како и за набавката на 562 прочистувачи на воздух во училиштата.

Next Post

Спасовски се вклучи во денешната акција за чистење

НАЈНОВО

Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

November 3, 2025
Скриншот

Нападот во воз кон Лондон: Персоналот кој се обидел да го спречи напаѓачот во животно загрозувачка состојба

November 3, 2025

Собранието ги очекува новите пратеници на местата на избраните градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk