ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Комесарот за пензии Жан-Пол Делевој заборавил да пријави дури десет други функции

Ова се десет функции повеќе отколку во првичната верзија, пишува весникот „Ле Монд“, кога ја доставил својата пријава пред Високиот орган за транспарентност на јавниот живот, во времето кога влезе во владата.

December 15, 2019 15:35
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот комесар за пензии на француската влада, Жан -Пол Делевој, кој има статут на министер, заборавил да пријави во својата изјава за судир на интереси дури десет функции и ангажмани. Грешката ја исправи дури откако печатот почна да се интересира за неговите примања, па сега тој  пријави 13 функции, од кои 10 како волонтер, додека за другите три добивал надоместоци, јавува дописникот на МИА.

Ова се десет функции повеќе отколку во првичната верзија, пишува весникот „Ле Монд“, кога ја доставил својата пријава пред Високиот орган за транспарентност на јавниот живот, во времето кога влезе во владата.

Според весникот, Жан-Пол Делевој во петокот вечерта до надлежниот орган испратил исправена пријава во која се споменуваат 13 функции, од кои 10 извршувал волонтерски, во првата верзија имал пријавено само три, а истовремено и неговите надоместоци за овие ангажмани се со повисоки износи од првичните. Претходно францускиот печат во актуелната социјална криза со реформата на пензискиот систем ископа пет функции од кои само за една се знаеше дека е платена.

Во интервју за „Ле Монд“ во саботата, Жан-Пол Делевој, исто така, се повика на неговата „добра волја“ и вели дека ја презема одговорноста за грешката која произлегла. Според него, тоа е фактот дека никој не го предупредил дека мора да ги пријави сите овие активности, од кои  одредени се однесуваат на неговото „општествено ангажирање“.

-Ако мојата грешка и смета на каузата за која се борам (…), тогаш јас ќе ги поднесам последиците, додава тој.

Имено синдикатите оценуваат дека со затајувањето на неговите функции, посебно оној во кој има врски со осигурителните компании, тој повеќе не можи да ја предводи реформата на пензискиот систем.

Од своја страна владата има се уште доверба во својот Висок комесар за пензии.

Next Post

Холандија е нов светски шампион во ракомет за жени

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слот застана во одбрана на Салах

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk