Силна експлозија доцна вечерва ги вознемири жителите на Битола кои се наоѓале во близина на спортската сала „Боро Чурлевски“. Според информации на ТВ21, силна експлозија се случила во печатницата „Киро Дандаро“, по што веднаш интервенирале екипи на ТППЕ од Битола.
Нема информации дали при експлозијата има повредени лица.
Фабриката во која се случила експлозијата е позната по тоа што веќе неколку години го печати изборниот материјал.