Покрај тоа што се почесто се спомнува успорување на стопанството на првата сила на ЕУ, германските железници очајнички бараат персонал.
Според моменталните проценки, компанијата во текот на следните пет години ќе мора да замени дури половина од своите 200.000 работници, пренесе novac.jutarnji.hr.
Главната причина за кадровско зајакнување се должи на фактот што многумина во моментот вработени, заминуваат во пензија, а платата во овој сектор се движи од 34.000 до 52.000 евра, во зависност од позицијата и искуството на работникот.
Мартин Сејлер, шефот на човечки ресурси на Германски железници, вели дека до крајот на 2019 година, компанијата треба да вработи дури 24.000 нови работници. Истата бројка се очекува и за следната година.
Истовремено, германската сојузна влада поради амбициозниот план против климатските промени планира да ги зголеми инвестициите во железницата, па во тој сектор се очекува потреба за уште 8.000 работници.