ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Предлог ДУП-от за Трнодол е пример за транспарентна постапка во која се вклучени засегнатите граѓани

За прв пат при носењето на некој детален урбанистички план во Карпош, Повторната Јавна анкета ќе трае подолг временски период и по завршување на работното време на општинската администрација

December 16, 2019 15:13
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Карпош ќе организира повторна Јавна презентација и Јавна анкета по Предлог Деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј03, блок 7, за делот околу Трнодол. По тој повод, градоначалникот Стефан Богоев минатата недела одржа брифинг со новинарите, со цел да го објасни претстојниот процес, измените и да се спречат лажни информации и злоупотреби околу постапката на донесување на овој ДУП.

За прв пат при носењето на некој детален урбанистички план во Карпош, Повторната Јавна анкета ќе трае подолг временски период и по завршување на работното време на општинската администрација.

Имено, Јавната анкета ќе се одржи од 13.12.2019 година до 27.12.2019 година, секој работен ден, од 08:00 до 18:00 часот, во УЗ „Кузман Јосифовски Питу“ (ул. „Стрезово“ бр.7). Иако законскиот минимум за повторна јавна анкета е пет дена, согласно член 35, став 13 од Законот за просторно и урбанистичко планирање, овој пат, истата ќе трае 11 дена. Целта е да се овозможи транспарентен и отворен процес, при што ДУП – от ќе биде изложен за граѓаните и по завршување на работното време (до 18:00 часот). Пред новинарите, Богоев напомена дека во изминатиот период имал средба со засегнатите граѓани од Трнодол, кои на првата јавна презентација изразија сомнежи за овој урбанистички план.

Од оваа средба, произлегоа заклучоци, а на записникот се потпишани и претставниците од граѓаните.

Прифатени се сите суштински забелешки на граѓаните, а како што се предвидуваше и претходно, Предлог ДУП – от овозможува правилен и рамномерен развој на овој дел од Карпош. Јавната презентација ќе се одржи на 17.12.2019 година, од 15:30 часот, во просториите на УЗ „Кузман Јосифовски Питу“ (ул. „Стрезово“ бр.7). Целосно се заштити делот меѓу патот за Трнодол и патот за Жданец, т.н. „чатал“, кој ќе биде со намена Д2 – заштитно зеленило.

Овој дел претходно беше со намена Д1 – парковско зеленило. Тоа значи, дека на ова место ниту била планирана ниту ќе има зграда. Исто така, се обезбедува трајна заштита и на големиот број канали кои се среќаваат тука и тие добиваат намена Д2 – заштитно зеленило. Ќе се добие нов парк, како што беше ветено и во изборната кампања на Богоев.

И претходно, но и сега, со овој Предлог ДУП се спречува т.н. „дебармаализација“ на Трнодол. Ќе се ограничи бројот на станбени единици за намена А1 (домување во станбена куќа), на четири станбени единици, додека важечкиот ДУП за Трнодол овозможува неограничен број на станови. Во врска со висината на објектите која со Предлог деталниот план е предвидена 10.20 м со катност од П+2+Пк, постигната е согласност за задржување на постојната висина од 7.40м со висина П+1+Пк, според постоечкиот детален урбанистички план.

За делот од населбата каде постоечката висина е веќе 10.20 м со катност од П+2+Пк, претставниците од Општината предложија истата да се намали со Предлог Деталниот урбанистички план, доколку биде обезбедена согласност од сите сопственици кои имаат претходно стекнато право со поголема висина.

Исто така, со цел поголема сигурност и безбедност на граѓаните, при реализација на Деталниот урбанистички план, во посебните одредби ќе се обврзат да изработат соодветни геомеханички испитувања и притоа да обезбеди согласност од Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Богоев истакна дека е завршено времето кога ДУП- овите во Карпош се носеа за време на празници, далеку од очите на јавноста, додека граѓаните се на работа или за време на летните одмори. Оваа постапка ја потврдува заложбата на Општината, овие урбанистички документи навистина да се носат заеднички и да бидат по мерка на граѓаните, а не во интерес на урбаната мафија. Соопштението за организирање на Повторна Јавна презентација и Јавна анкета е објавено во два дневни весници („Вечер“ и „Коха“), на веб страната на Карпош, социјалните мрежи и ќе биде објавено на видливи теренски места за кои се однесува Предлог ДУП – от.

Исто така, на веб страната, граѓаните покрај графичкиот ќе можат да видат и текстуален дел од планот.

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ го признава името Северна Македонија само кога ѝ одговара

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk