ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ременски не видела докази против неа за „Меѓународен сојуз“

Немало потпис на ниту еден документ доставен како доказ во Обвинителството.

December 16, 2019 15:05
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката Фросина Ременски денеска по излегувањето од Обвинителството за организиран криминал и корупција, каде вршеше увид на доказниот материјал против неа за случајот со „Меѓународниот сојуз“ на Бојан Јовановски, рече дека видела сè, освен докази.

-Јас го остварувам моето право согласно законот. Не би коментирала за доказите бидејќи тоа е надлежност на институциите. На сите прашања ќе одговорам кога ќе дадам исказ пред Обвинителство, рече Ременски одговарајќи на новинарско прашање.

Таа додаде дека немало нејзин потпис на ниту еден документ доставен како доказ во Обвинителството.

На распит кај обвинителката Вилма Рускоска во врска со сомненијата за измама и перење пари во проширената истрага за случајот „Рекет“ денеска е и потпретседателката на невладината организација „Меѓународен сојуз“, Јасна Мандиќ.

Се очекува утре во Обвинителството исказ да даде и пратеничката Ременски.

Овој дел на истрагата, која Обвинителството ја отвори на 9-ти октомври против пет лица,  се однесува на измамите со изградба на центри за возрасни лица, за кои беа барани пари од бизнисмените Силјан Мицевски, Ардијан Амзоски и други.

Од Обвинителството соопштија дека врз основа на предистражната постапка обвинителот што раководи со постапката, дошол до сознанија што укажуваат дека во периодот од јули 2017 до април 2018 година, првоосомничениот Боки 13 како претседател на осомниченото правно лице, искористувајќи документи од правното лице, довел и одржувал во заблуда двајца управители на две друштва за градежништво.

-Тој лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на центар за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа и субвенционирање од страна на државата, од оштетените преку авторска агенција успеал да добие парични средства од 719.905 евра од едното правно лице и 233.821 евра од другото. Останатите осомничени лица со умисла му помагале на првоосомничениот во извршувањето на кривичните дела изготвувајќи договори, подигнувајќи ги уплатените средства и уплаќајќи средства на други правни лица по основ на позајмица или донација, информираа од Обвинителството.

 

Next Post

Предлог ДУП-от за Трнодол е пример за транспарентна постапка во која се вклучени засегнатите граѓани

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk