пишува: Петрит Сарачини
Ако малку прочепкате по светските дигитални енициклопедии, ќе видите дека многу познати светски мислители имале што да кажат на темата „леви фашисти“.
Меѓу првите значајни мислители што го користи терминот лев фашизам (linker Faschismus) е Хабермас, во 1960-тите години за да ја дистанцира Франкфуртската школа од насилството и авторитаризмот на ‘левичарските терористи’ и да ги критикува насилните методи на протест на Sozialistischer Deutscher Studentenbund.
Сејмур М.Липсет, во 60-тите за левичарски фашизам ги смета националистичките и авторитарни режими на Перон во Аргентина и Варгас во Бразил, кои ги користеле сиромашните и работниците во мобилизација против политичките противници во побогатите слоеви на општеството, со нивно обвинување за неразвиеноста на земјата и за потчинетост на странски интереси.
Хоровиц го користи терминот во „Победници и губитници“ (1984 г.) засновано на пишувањата на Ленин за „левичарството“ во комунизмот како инфантилност или детска болест. Ленин ги опишува непријателите на работничката класа како опортунисти и ситни буржоаски револуционери кои оперираат на анархистички премиси. А Хоровиц, надоврзувајќи се во современиот контекст, тврди дека „левичарскиот фашизам“ се појавил повторно во политичкиот живот на САД во 80-те во форма на одбивање да се исклучи радикалната реторика од тоталитарната реалност.
Во доцнот 20-ти и во 21век, „лев фашизам“ се користи за да се опишат необични хибридни политички сојузи и движења. Волин го употребил „лев фашизам“ во образложението дека некои европски интелектуалци се навлезени во пост-модернистички или анти-просветителски теории, отворајќи можности за култни, ирационални, антидемократски позиции кои комбинираат карактеристики на левицата со оние на фашизмот.
Ете, Младиќот ви понуди еден мал, но добар избор на светски, а богами и релевантни мислители на една актуелна тема. Секоја сличност на понудениве примери со нашите „леви фашисти“ кои се претставуваат како левичари, се разбира, не е случајна.
#LevaRukaDesniDzep
#EmNacionalistiEmSocijalisti
Сите права се задржани. Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK.