ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зен мамурлак

Брљоидите, хуманоиди изложени на големи количини Брља, владеат со медиумската сфера, упорно рекламирајќи ги велелепните брљи, подметнувајќи телопи од секунда, ( телопи кои агитираат на потсвеста): „Покори се!“, „Сите се исти!“

December 16, 2019 13:11
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ФИЛИП ХЕРИН

Една од затскриените тајни на Сараевската Чаршија, како што раскажува драгиот мој побратим Вук, е приказната за сараевските боемџии и нивниот утрински мамурлак. Вук никогаш не стапнал во Сараево. Но Сараево и Вук имаат свои тајни врски. И тука никој ништо не им може. Вук раскажува: Боемот регрут не треба да е по ДНК од Сараево, за да биде рамноправен на сараевската боемска  маса. Воопшто. Треба да го краси Искреност и Чесност во секојдневието и професијата. Единствен услов. Поради тоа испитот и не е лесен. Најмалку два до три месеца, боемот регрут, мора да се докаже и со чашката и со упорноста. До фајронт. Како што мора да е докажан и во домашните обврски, работата- повторува побратимот Вук.

Влогот е пресметан во денови, недели, месеци. Животот.  Дури потоа, боемот регрут е спремен да влезе во алејата на боемите. Се влегува во мугрите, а сред алејата го очекува меанска маса со кариран чаршав и врел чај. Целиот однос со чајот трае неполни 20-на минути, кои поминуваат во тишина, неоптоварена со мисли и празни зборови од соседната маса. Мир и Тишина, приближно еднакви на чувството на алпинистот кој сета ноќ се бори со  планинската патека , за утрото прв да ги почувствува Сончевите зраци, гушнат силно во прегратката  на Планинскиот Врв. Веќе, боемот регрут, не чувствува главоболки, мачнини, тој станува Боем и знае да ужива во тие дваесетина минути мир и тишина, опиен единствено од мирисот на врелиот чај. Со Вук, на шега, се сложивме дека оваа појава е – Зен од Мамурлакот.

Кај нас  мамурлакот се лечи со српското : „ Клин се клином избија“. Турбо Фолк навики, кои водат кон полоши и  девијантни патеки, кои не’ оддалечуваат од Зен-от.

Лошите брљи како Грујевача, Тврдокорка, Коцевача (Златна Бубамара 2018), сведочеа колку  сме далеку од Утринскиот чај и единството со нас самите и  општеството, чиј неоткинлив дел сме. Денес ниту знаеме кога пиеме, зошто пиеме, па и од кого пиеме. Во понудата на автохтоната македонска палета на брендот Брљовача се дополнија фино одлежани и вешто затскриени ХО брљи како Геровача, Милчињача и понекоја прерано отворена верзија, V.S., Иворовача.

Не е ни чудно што од толку ново-стари брљи уште помалку знаеме да се носиме со  мамурлакот, достоинствено и без мачнина.

Потребата од ресоцијализација со нас самите и Општеството, е примарна. Воопшто да се ресоцијализираме со нормалната природа на нештата.

Но како да се ресоцијализираме, кога вешто градените брендирани ракиџии, „Бардовите на Казаните“, се токму оние кои, до загушување ни ја полнат устата со Брљовача, навивајќи на „пазарот“ да се вратат токму добрите, стари отрови, како Грујовача, Сашовача и останата палета од знајни и незнајни „гуслари“ на смртта?

Брљоидите, хуманоиди изложени на големи количини Брља, владеат со медиумската сфера, упорно рекламирајќи ги велелепните брљи, подметнувајќи телопи од секунда, (телопи кои агитираат на потсвеста):

„Покори се!“

„Сите се исти!“

Кој ќе се посомнева во квалитетот на Брљата, ќе биде даден веднаш на Судот на честа на Здружението на Брљаџии. Да биде осуден! Прогласен за луд! Монструм!

Кој е тој да се сомнева, да го урива митот за стравот, да бара прочистување на загадената крв од брљата, да создава аргументирана критика наместо агресија, хистерија и параноја.

„Сите се исти“- ќе избљува некој Брљоид од петата на своето кукавичко скривалиште, убеден дека ФБ статусот, твитот, менува влади, закони и ја освестува Брљоидната јавност, која од друга страна на тастаурата умира низ страшни грчеви на менталното труење од коктелот на брљите, но потполно се слага дека „Сите Се исти“.

„Сите се исти“ е главоболка, која како капка по капка истекува од казанот на Главниот Казанџија од кој се дестилираат брилијантните брендови на македонските Брљи.

Толкави залихи на Брља, тешко испаруваат, а да не го усмрдат етерот. Среќа, по нас , доаѓа време во кое, Брљоидите, ќе треба да се посветат повеќе на себе си и своето место во Општеството да го бараат таму каде што е најпотребно – во Општеството.

Време е да осознаат  дека борбата против Брљата е започната без нив, години наназад и дека таа борба нема намера да ги поштеди. Ниту да ги остави со казаните полни смртоносна Брља.

Еквиноксот на Зен Боемите штотуку настапува.

А до тогаш, може и казан врел чај наутро да пиеме, надевајќи се дека Зенот ќе го победи нашиот лош Мамурлак. Но кој е тој, Зен, да се грижи за нас, кога ние не се грижиме за самите себе.

(Авторот е режисер и граѓански активист.)

Сите права се задржани. Преземање на содржините e НАЈСТРОГО ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK. 
Со неовластено преземање на делови или цели прилози од оваа веб страница, СЕ СОГЛАСУВАТЕ на FRONTLINE.MK да му исплатите надоместок од 60.000 денари во рок од осум дена по преземањето на содржината. Оваа обврска не застарува, а за секое доцнење на исплатата ќе биде пресметана соодветна законска камата.
Next Post

Цените на горивата остануваат исти, поскапува мазутот

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk