Тешка сообраќајка на улицата „Трета македонска бригада“. Затворена за сообраќај улицата од Аеродром кон Центар.
Во сообраќајката учествуваа три возила: мерцедес, цитроен берлинго и уште еден автомобил. Причина за сообраќајната несреќа нејверојатно е слабата видливост, од маглата.
Полицијата во моментот врши увид, а не се знае дали има жртви.
Од јачината на ударот „берлингото“ беше свртено попречно на двете ленти, поради што полициско возило го попречуваше сообраќајот од крстосницата кај големиот крст во Аеродром, кон центар.
Б. Б.