ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Трајаноски: Дали е ова истиот Геро со кој пред една деценија го основавме ГЕМ

Те читам еве подолго време како патронизирачки делиш лекции по „македонизам“ кои се шират по пропагандните портали кои до некни те оцрнуваа како „предавник“. Последно што прочитав е како лиферуваш неосновани обвинувања дека некој сакал да наметне придавка изведена од уставното име, дека некој сакал да ја менува химната, инсинуираш дека некој си ја самонегирал нацијата, па дури и посакувал Македонија да умре. Скраја да е.

December 16, 2019 16:37
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Жарко Трајаноски

До другарот Геро, од пред 10 години

Друже Геро,

Те читам еве подолго време како патронизирачки делиш лекции по „македонизам“ кои се шират по пропагандните портали кои до некни те оцрнуваа како „предавник“. Последно што прочитав е како лиферуваш неосновани обвинувања дека некој сакал да наметне придавка изведена од уставното име, дека некој сакал да ја менува химната, инсинуираш дека некој си ја самонегирал нацијата, па дури и посакувал Македонија да умре.

Скраја да е.

Читам, се чудам, и си се прашувам: Дали е ова истиот Геро со кој пред една деценија го основавме ГЕМ, со кого заедно шетавме низ Македонија, поставувајќи го прашањето „Можеме ли во НАТО и ЕУ без компромис?“

Си се прашувам, оти јас паметам еден друг Геро со кого укажувавме дека достоинствен компромис со Грција е неопходен, ако сакаме да влеземе во НАТО и ЕУ. Геро – со кој заедно ги разобличувавме политичките манипулации на груевизмот, особено пропагандната догма дека сме можеле во ЕУ и во НАТО без компромис со Грција. Паметам еден друг Геро, кој во 2009 година храбро јавно истапуваше и пишуваше: „Јас мислам дека предлогот Северна Македонија беше добар предлог и не сум сигурен дека било кој следен предлог што би бил искамчен од наша страна ќе биде подобар.“ Го паметам Геро како вистински патриот кој укажуваше дека „Вистинските патриоти треба да се грижат оваа земја да стане членка на ЕУ и членка на НАТО, да ја обезбеди својата иднина, да ја обезбедиме иднината на нашите деца, а не како инфантилни дерлиња да се караме со сите, со нашите пријатели“.

Го паметам одлучниот Геро, кој ја критикуваше антиквизацијата и лажната позиција на Груевски кој „има една силна психолошка блокада – тој целиот свој политички хабитус, целото свое политичко битие го изгради на т.н одбрана на уставното име“.

Паметиш ли друже Геро, кога заедно на трибини укажувавме дека промената на уставното име, не значи и промена на идентитетот? Еве што останало во интернет архивите по една трибина на ГЕМ од „Февруарскиот поход“ во 2009: „Државата тоне во тоталитаризам, корупција, сиромаштија и ги губи сите позиции за скорешно вклучување во европското семејство. Преговорите со Грција за името се исполнети со манипулацијата дека борбата за името е всушност борба за нашиот идентитет. Промената на уставното име, според нив, не значи и промена на идентитетот. Затоа, компромисот со Грција и борбата за ЕУ всушност претставуваат влог во иднината.“

Каде се изгуби овој другар Геро од 2009? Како одеднаш Геро стана квазипатриотски херој на пропагандните партали Курир, Инфомакс и Република, и главен соговорник на Јанко Јади Бурек – безмалку на истата пропагандната тајфа која пред 10 години не оцрнуваше како „предавници“?

Се прашувам, и немам одговор, друже Геро.

Next Post
Никола Ѓуретановиќ

Никола Ѓуретановиќ државен првак во 8 пливачки дисциплини

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk