Непосредното избирање на општински советници на локални избори е еден од начините со кои треба да се овозможи застапување на интересите на локалните заедници во управувањето со институтциите и носењето на политиките. Кај нас, тоа делува дека е добра бизнис прилика или барем отскочна даска за влез во „повисока“ политика.
„Малку повеќе ангажираност и притисок на граѓаните, може и да ги разбуди малку повеќе и советниците, за да тие работат во нивни интерс. За жал има и советници кои се тука, ама кои не покажуваат баш таков интегритет ниту заинтересираност за одлуките кои се носат, а кои дефинитивно влијаат на непосредното живеење на луѓето во Општината.“ вели Јана Белчева претседателка на Советот на Општина Центар.
Оваа мала анализа на Плоштад слобода, се однесува на Општина Центар, но поставете си ги истите прашања за вашите советници, од која општина и да доаѓате.
Ј. Ѓ.