коментира: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
На Бекстејџ, гостин Игор Јанушев.
Па велат, сакале да го доловат од онаа емотивна страна. Јанушев бе Игорчo имал емотивна страна?
Игорчо бил интересен и симпатичен лик вели воодушевениот водител од присуството на генсекот на вмровците. Бил квалитетен и за таков го препознавале луѓето. Игорчо кога ќе пораснел, сакал ни помалку ни повеќе туку да биде пилот на авион. Вели работел во „авијација и воздухопловство“ добри десет години??
Каде бе мајкин си работел во авијација, кога си окапал десет години како административец во секторот за воздухопловство во министерството за транспорт и врски? Ти имаш допирни точки со авијација колку хигиеничарката од Скопскиот аеродром и ништо повеќе. Ма таа бар се среќава со персоналот, те шие во секој поглед.
Во авијација работел – си брчел кога бил сам во канцеларија, имал и макета од авионче, или значка за на одело, како оној министерот од Тупурковски што беше… Срцка бе, пилот ќе бил, Игорчо (смајли).
И во забавни емисии си додааваат ствари си надувуваат его, лажат, а бе ич око не им трепнува, многу се вицкасти.
Ви текнува ли на Министерот за здравство Тодоров, кој преку виртуелни симулациски игри имаше желба да изведува операции на пациенти?
Е, тоа е таа опасна амбициозна нереализираност, некаде помеѓу илузијата и стварноста.