ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска: Се грижиме за ранливите граѓани, веќе 370 од корисниците се вработени

Креиравме социјална реформа која целосно го менува начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани. Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти, а истовремено обезбедуваме помош и поддршка за вработување. Многу ми е драго што 6 месеци по спроведување на социјалната реформа веќе 370 од корисниците се вработени. Што значи дека овие наши сограѓани се на пат трајно да излезат од сиромаштија, да престанат да зависат од државата,  да се грижат сами за себе, за своите семејства и активно да придонесуваат за општеството

December 17, 2019 17:41
in СОЦИЈАЛА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Креиравме социјална реформа која целосно го менува начинот на кој се грижиме за ранливите групи граѓани. Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти, а истовремено обезбедуваме помош и поддршка за вработување. Многу ми е драго што 6 месеци по спроведување на социјалната реформа веќе 370 од корисниците се вработени. Што значи дека овие наши сограѓани се на пат трајно да излезат од сиромаштија, да престанат да зависат од државата,  да се грижат сами за себе, за своите семејства и активно да придонесуваат за општеството, истакнува министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

„Во моментот вкупно 27.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, над 27.000 деца земаат детски додаток, а повеќе од 8 и пол илјади деца  примаат образовен додаток. Со овие додатоци ги стимулираме децата преку образование да го прекинат ланецот на сиромаштија, со цел да овозможиме подобар, поквалитетен живот за идните генерации.

Важно е да се каже дека со социјалната пензија или државната пензија веќе опфативме над 4 илјади корисници. Се работи за возрасни лица кои не оствариле право на пензија и немаат друг извор за егзистенција. Ние не забораваме дека и тие го граделе ова општество и заслужуваат да имаат достоинствен живот. Исто така, згриживме 12 илјади стечајни работници. Сите тие  добиваат над 8.000 денари месечно, се до нивното пензионирање.

Посветено работиме на зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование, за што забрзано се зголемуваат капацитетите во детската заштита. На овој начин преку инвестициите во градинките инвестираме во раниот детски развој, а со тоа и во иднината на нашата држава. Претходните две години изградивме вкупно 43 нови објекти за градинки. За идната година во Буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари и обезбедени се дополнителни 15 милиони евра од Светска банка за изградба на градинки. Со изградба на нови објекти се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа  се приближуваме до крајната цел – зголемување на опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто. Покрај инвестирањето во нови градинки, се инвестира и во човечките ресурси во градинките преку зголемување на платите и зајакнувањето на компетенциите на кадарот.

Ги зголемуваме и платите и пензиите, обезбедуваме поквалитетен живот за сите граѓани. За само две и пол години минималната плата ја зголемивме за 5.500 денари, а пензиите пораснаа за повеќе од 1.700 денари. Со пензиската реформа го стабилизираме пензискиот фонд и создадовме услови пензиите да го следат економскиот и растот на платите. Од следната година пензионерите ќе добијат за околу 900 денари повисока пензија, 700 денари според законското зголемување и 160-200 денари со усогласување со трошоците за живот.“, вели Царовска во своето видео обраќање кон јавноста.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Неславни копилиња - Ханс Ландо „македонецот“

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk