Сторијата на ФРОНТЛАЈН.МК за самохраниот татко кој сам се грижи за петте малолетни дечиња допре и до хуманите срца на уметниците. Музичката група ДНК во текот на вчерашниот ден го израдува самохраниот татко Ајнур и неговите пет малолетни деца. Предновогодишно, Панчо и Андреа им однесоа на децата пактечиња, играчки, печка на дрва, храна и други производи.
„Иако живеат во субстандардни, таткото Ајнур не дочекаа како вистински домаќини, а малите Алмир ( 11год ), Љубица ( 10год ), Јасмина ( 7год ), Леонора ( 4год ) и Анџело со само една и пол годинка, не ја тргнаа прекрасната насмевка од нивните невини детски лица додека разговаравме. Најмногу се изрдуваа на пакетчињата, а кулминацијата се случи кога ги отваравме играчките (голема благодарност до Tea Colours за донацијата ). Дониравме храна и печка на дрва бидејќи немаат струја и како што може да забележите од сликите седат на свеќа во соба од 5 квадратни метри“, пишува на фан страната на групата ДНК.
И.Т.З.