Амандманската расправа за Изборниот законик се изгуби во преводот. Кирацовски ќе бара засилување на службите, кои изминатава недела успеале да преведат 3.734 од вкупно 5.899 амандмани поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Се надева дека работата ќе ја завршат до крајот на другата недела, по што ќе закаже седница. Во меѓувреме, ќе иницира јавна расправа наредната среда, пренесе Телма.
Ова е маневарска игра, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Тврди дека Деловникот не дозволува јавна расправа за закони предложени по скратена постапка.
Опозициската партија не вика цврсто „не“ за една изборна единица. Велат дека имале договор со СДСМ тоа прашање да се отвори по изборите, а не сега.
Предлог законите за една изборна единица и за отворени листи ги поднесоа 17 пратеници главно од помалите партии. Добија поддршка од СДСМ, која и самата имаше вакво изборно ветување, но против се ДУИ и ВМРО ДПМНЕ.