Уште една лага и манипулација на порталот Курир. Овој пат го користат инцидентот што се случи вчера при јавната расправа по предлог-ДУП-от за Трнодол, Жданец и Козле организиран од Општина Карпош.
Што прават Курир?
На вест што ја пренесуваат од META, ставаат манипулативен наслов, што е лажна вест. Насловот на Курир од пренесената вест е: Претседателот на „Го сакам Водно“ нападнат од активист на СДСМ. Интересно е тоа што, овој пат Курир одбрале освен во насловот на ни едно друго место во текстот да не спомнат дека во инцидентот учествувало посоченото лице.
Со реакција за лажната вест, на својот Фејсбук профил се јави лично претседателот на „Го сакам Водно“ Андреа Јанков, во која пишува:
„Ех Курировци бе, бевте и останавте неписмени и дно на новинарството во Македонија…
Нити сум бил денес во Општина Карпош, нити некој ме нападнал, а уште помалце активист на СДСМ.
Уствари, денес не сум бил на растојание помало од 4км од истата општинска зграда. Стварно срамота е вака да се лаже. С-Р-А-М-О-Т-А! “
И после повеќе од дваесет часа од реакцијата на претседателот на „Го сакам водно“ Андреа Јанков, постот со лажниот наслов сè уште стои непроменет.
Ј. Ѓорѓиоски