ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

СЈО загрижени и со неверување за пренамената на нивните финансиски средства за предвремени парламентарни избори

Специјалното јавно обвинителство бара повлекување на амандманот на Буџетот на државата за 2020 година, што го изгласа собраниската  Комисијата за финансирање и буџет, а со кој финансиските средства предвидени за СЈО  се пренаменуваат за спроведување на предвремените парламентарни избори

December 18, 2019 14:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавно обвинителство бара повлекување на амандманот на Буџетот на државата за 2020 година, што го изгласа собраниската  Комисијата за финансирање и буџет, а со кој финансиските средства предвидени за СЈО  се пренаменуваат за спроведување на предвремените парламентарни избори, пренесе МИА.

-Со загриженост и неверување ја примивме информацијата дека на седница на  Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Северна Македонија едногласно е изгласан амандман на Буџетот на државата за 2020 година со кој финансиските средства предвидени за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) се пренаменуваат за друг буџетски корисник, поточно за спроведување на предвремените парламентарни избори, се наведува во соопштението од СЈО објавено на нивната веб страница.

Станува збор, како што стои во соопштението, за флагрантно прекршување на законот, што повлекува и кривична одговорност имајќи предвид дека член 16 став 3 од Законот за ова Јавно обвинителство пропишува дека Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Министерството за финансии и Собранието на Република Северна Македонија не можат да го менуваат финансискиот план од членот 13 став 2 и ќе го вградат во Буџетот на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Ова особено ако се има предвид дека Законот за СЈО е во сила до 15 септември 2020 година, до кога и постои оваа институција.

-Доколку се има предвид дека со амандманот се одземаат сите средства наменети за намирување на тековните обврски на ова Јавно обвинителство, во отсуство на одговорно лице на истото, се поставува прашањето како ќе се сервисираат обврските до истекот на законскиот мандат на оваа институција и каква порака се испраќа до професионалците кои одлучиле да се борат против високата корупција. Во оваа насока апелираме доследно да бидат почитувани законските одредби и предложениот незаконски амандман, кој што задира во автономноста и финансиската независност на ова Јавно обвинителство, да биде повлечен, стои во соопштението од СЈО.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Кис Кам на коцерт од Колдплеј: Директорот на „Астрономер“ фатен во интимна сцена со шефицата, Бајрон јавно се извини

July 18, 2025

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

July 18, 2025

Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk