Поради проблем со сервисите на Гугл, корисниците од европските земји не можеа да пристапат на дел од услугите од оваа платформа, а со намалена брзина се отвораат и други сајтови кои користат сервиси на Гугл за рекламирање, информира А1 Македонија.
„За А1 корисниците, во моментов е заобиколен локалниот проблем преку серверите од Европа, кои во моментов не се афектирани од генералниот проблемот. А1 Македонија го следи развојот на ново настанатата состојба и ги презема сите потребни активности со цел на своите корисници да им понуди квалитетен сервис“. порачува А1 Македонија.