Градоначалникот Саша Богдановиќ изјави дека му е жал, поради тоа што во коментар го нарече Димитров „идиот“, во врска со објавата на Фејсбук на Димитров да се бојкотира доделувањето на Нобеловата награда за литература на австрискиот писател Петер Хандке, пренесе Слободен печат.
Богдановиќ и покрај извинувањето, сепак порача дека според него политиката и уметноста не треба да се мешаат.
– Не треба да правиме дополнителни конфликти, ова е едно општество за сите. Тоа значи дека покрај другите треба да се земат во предвид и националните чувства на Србите, народот на кој јас припаѓам – рече Богдановиќ.
Тој не сакаше да коментира дали имало геноцид, истакна дека постојат судови кои ќе пресудат за тоа.
Инаку, и покрај поддршката за Хандке, Богдановиќ не знаеше да наброи ниту една негова книга.