ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ќе добиеме национална Црвена листа за заштита на природата

На настанот беше презентирана и националната веб-страница на Црвени листи, деталните Црвени листи за влечуги и водоземци, приоритетната листа за васкуларни растенија, а се разговараше и за употребата на црвените листи во националната политика, како и за понатамошниот развој на Црвените листи во нашата држава.

December 19, 2019 10:35
in ЗЕЛЕНА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска, во рамки на завршниот настан од втората компонента на GEF/UNEP проектот “Постигнување заштита на биодиверзитетот преку креирање и ефективно управување со заштитените подрачја и одржување на биодиверзитетот во планирањето на користењето на земјиштето” беа презентирани резултатите од досегашниот, двегодишен процес на изработката на националните Црвени листи во Република Северна Македониjа. Со тоа нашата држава влезе во семејството на држави кои имаат Национална црвена листа. Дополнително, според меѓународните експерти, ова е прв пример во регионот каде постапката одела согласно најстрогите препораки на IUCN.

На настанот беше презентирана и националната веб-страница на Црвени листи, деталните Црвени листи за влечуги и водоземци, приоритетната листа за васкуларни растенија, а се разговараше и за употребата на црвените листи во националната политика, како и за понатамошниот развој на Црвените листи во нашата држава.

Истакнувајќи дека е особено горд што во име на МЖСПП, ја има честа да ја отвори конференцијата на која се промовира сработената Национална црвена листа, заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули во воведното обраќање истакна: „Сакам да нагласам дека ова е чист научен придонес на македонски експерти кои заедно со вработените од секторот природа од МЖСПП, како и меѓународните партнери IUCN и UNEP, работеа во рамки на овој проект. Националните црвени листи се важна алатка за мониторинг на биолошката разновидност и ќе помогнат да се идентификуваат приоритетните видови и подрачја за креирање на успешна политика за заштита и зачувување на природа. Изработката на Црените листи претставува една од најзначајните активности на МЖСПП во подрачјето на заштитата на природата, а воедно е и една од приритетните акции од Националната стратегија за заштита на природа 2017-2028 година.

Во рамки на Проектот, идентификувани и систематизирани се 46 видови од Херпетофауна (водоземци и влекачи) и извршена е проценка на 14 растителни видови, кои имаат меѓународен и национален статус на заштита. Националните црвени листи им помагаат на земјите: поефикасно утврдување на статусот и трендовите за зачувување на видовите, креирање политики, подигнување на свеста за загрозени видови и интегрирање на вредностите на биолошка разновидност во процесите на развој и планирање.

Настанот е организиран од Министерството за животна средина и просторно планирање со поддршка на од Програмата на Обединети Нации за животна средина (UNEP). Процесот на развој на првите Национални црвени листи во РСМ го води МЖСПП со поддршка од Светската унија за заштита на природата (IUCN) преку Канцеларијата за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) со седиште во Белград.

Next Post

Соработка на ФИТР и УНДП за повеќе иновации во јавниот сектор

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk