Во скопската населба Чаир, денеска на пладне, таксист прегази три малолетни девојчиња, од кои едното е во тешка состојба.
Според очевидци на настанот, возилото удрило во нив додека тие ја поминувале улицата на пешачки премин, јави Алсат М. Сите се итно префрлени во болница. На местото на сообраќајката увид врши екипа на МВР.