ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Градежниците бараат да се донесат ДУП-овите и да се тргне мораториумот

За да функционира бизнисот треба да се донесат укинатите ДУП-ови, да се повлечат мораториумите за градење во скопската општина Центар и во Охрид, како и се што е пречка.

December 19, 2019 12:52
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Наместо 25 дена колку што е законскиот рок за градежна дозвола од општините се чека 220 денови, истакна Ивица Јаќимовски, претседател на Градежната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија на денешната средба со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Јаќимовски апелираше општините да ги почитуваат роковите предвидени во законите за градење и за урбанистичко и просторно планирање, градоначалницте да ги контролираат секторите за урбанизам, а Министерството за транспорт и врски како надлежно доколку има потреба и да ги одземе ингеренциите.
Роковите се пролнгирани двапати, трипати, петпати… од тоа што е законски предвидено, нагласи Јаќимовски, не прецизирајќи во кои општини има таква пракса. Реализацијата е сведена на минимум. Секој согласно со Законот за градење да се придржува во определените рокови, наведе Јаќимовси.

Во 2020 година, посочи, треба да се дозволи приватниот сектор да може да инвестира со цел придвижување на градежништвото, а со тоа и зголемување на економскиот раст. За да функционира бизнисот треба да се донесат укинатите ДУП-ови, да се повлечат мораториумите за градење во скопската општина Центар и во Охрид, како и се што е пречка.

– Во Законот за градење имаме јасно дефинирани рокови. При издавање електронско одобрени роковите се точно дефинирани. Во рок од 25 дена треба да се издаде одобрение доколку барателот, независно дали е компанија или физичко лице ги исполнува условите. Сега имаме пракса во 2019 година каде што роковите се пролонгираат 220 дена, а не 20 дена. Ова е апел до сите општини да си ја сфатат работата многу сериозно затоа што системот за е-одобренија е направен многу добро и точно се следи секој чекор со рокови колку дена каде предметот може да стои. Не може во десниот агол од прозорецот кај тој што е референт во општината постојано да стои црвено и за тоа да не се реагира. Тоа не смее да се дозволи, порача Јаќимовски.

Во делот на нискоградбата генерална оценка за годинава е дека има одредена реализација, таму каде што како инвеститор се јавува државата, во реализација на инфраструктурни проекти во делот на гасоводна мрежа, патна инфраструктура и слично.

Министерот за транспорт и врски очекува годината да заврши со сериозна реализација на капиталните инвестиции од околу 80 проценти, а во одредени сегменти и до 100 проценти. – Сметам дека согласно со планот и динамиката од изминатите години и согласно со плановите што се прават за наредната година мислам дека таа динамика ќе продолжи и ќе имаме поголема реализација на капиталните инвестиции во наредната година, рече Сугарески.

На средбата во ССК стручните служби на Министерството на бизнисмените од Градежната комора им го презентираа Предлог законот за легализација на дивоградби, што е во собраниска процедура, а за кој, потенцираше Сугарески, последниот збор ќе го има Собранието.

Претседателот на Комората на трговски друштва за геодетски работи Горан Јовановски истакна дека со новиот закон се отвора нов фронт за работа на приватните геодети со оглед дека ги подготвуваат геодетските елаборати што се дел од потребната документација за легализација.

– Со новиот закон за легализација на бесправно изградените објекти би се отворил нов фронт за работа за приватната геодетска пракса, но исто времено, би се излегло пресрет на сите граѓани, коишто од различни причини ги пропуштиле претходните рокови за поднесување на барања за легализација. Комората на трговски друштва за геодетски работи треба да биде информирана и консултирана за законските измени со цел како професионалци во струката да имаме можност да дадеме придонес во што поефикасно донесување и спроведување на законската регулатива, рече Јовановски.

Со предложениот закон за легализација се опфатени дивоградби изградени до 1 октомври годинава, со исклучок на тераси, доградби и надградби во станбени згради, како и заштитените области во Охридскиот регион согласно со препораките од УНЕСКО.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

June 15, 2025

Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот ајатолах Али Хамнеи

June 15, 2025
„Марш за ангелите“ во Скопје. Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Не ги убивајте уште еднаш нашите деца, порачаа родителите на загинатите во Кочани

June 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Градоначалникот на Кочани – Премиерот не ме прима на средба, од централната власт досега не добивме ништо; Граѓаните ќе го дадат својот суд на изборите, смета Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови израелски напади на Иран, погодени воени цели во Техеран; Иран ги предупредува Израелците да се евакуираат од области до воени објекти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Протест пред МВР за убиството на кучето Феликс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk