Вработените во културните и уметничките установи дека СКРМ започнуваат со штрајк на во вторник, заради непотпишување на колективен договор кој го очекуваме деценија и половина.
– Рокот за одговор на Министерството за култура на доставената намера за штрајк истече вчера, на 18.12.2019 г. Од нивна страна не добивме никаков одговор, па Советот на СКРМ одлучи да ја активира последната правна алатка. Штрајкот ќе се одвива во просториите на установите и значи целосен прекин на работата на вработените носители на дејност, помошно-технички персонал и административен кадар. Штрајкот е со од предупредувачки карактер и ќе трае еден ден, а по завршувањето на новогодишните празници ќе се радикализира и ќе трае до целосно исполнување на нашите барања – се вели во соопштението.
Ги повикаа сите вработени да им се приклучат, а директорите на институциите да застанат во одбрана и поддршка на борбата за остварување на нивните работнички права.