Во текот на вчерашниот ден се случила сообраќајка во Кавадарци каде повредена била малолетничка која била пренесена во болница.
Според пријавеното, вчера во 22 часот и 30 минути на крстосница помеѓу булеварите „Северен булевар“ и „Цветан Димов“ во Кавадарци се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „пежо 206“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ј.Н.(35) од Кавадарци и патничко возило „фолксваген голф“, со неготински регистарски ознаки, управувано од Л.И.(23) од Неготино.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетничка, патничка во возилото „пежо 206“ и била пренесена во Општата болница Кавадарци за укажување на лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.