Томислав Кежаровски, Љубе Бошкоски, Велија Рамковски, Павле Богоевски, Ване Цветанов и други, се дел од говорниците што ќе говорат за жртвите на режимот на панел дискусијата „Жртви на режимот – сведоштва и слики“ што ја организира ЦИВИЛ в сабота, 21 декември, во хотел Континентал, со почеток во 12 часот. Модератор ќе биде Џабир Дерала од ЦИВИЛ.
Режимот ја зароби и ја злоупотреби државата, а особено полицијата, судството и медиумите. Секој обид да се изрази поинакво мислење, го санкционираше со апсења, тортура, монтирани судски процеси и линч во медиумите и на социјалните мрежи. ЦИВИЛ уште еднаш ќе ја отвори оваа тема во јавноста, за да не се заборават злоделата на еден авторитарен режим. Притворот се претвори во казна, а затворските казни беа максимални и драконски, засновани на сомнителни докази и сведоци.
По излагањата на панелистите, присутните ќе имаат можност да постават прашања или да споделат сопствени искуства.
Добредојдени се медиумите и сите заинтересирани граѓанки и граѓани.