ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прес на ЦИВИЛ: Избори, изборен модел, набљудување

ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција денеска, 20 декември, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12 часот. Главна тема на прес конференцијата на ЦИВИЛ ќе бидат изборите и изборните реформи. Организацијата ќе ги сподели првичните наоди од долгорочниот мониторинг што започна ден по одлуката на лидерите на политичките партии да одат на предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година

December 19, 2019 09:40
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ ќе одржи прес конференција денеска, 20 декември, во хотел Сити Парк (кај општина Центар), со почеток во 12 часот. Главна тема на прес конференцијата на ЦИВИЛ ќе бидат изборите и изборните реформи. Организацијата ќе ги сподели првичните наоди од долгорочниот мониторинг што започна ден по одлуката на лидерите на политичките партии да одат на предвремени парламентарни избори на 12 април 2020 година, известува Цивил Медиа.

Актуелна е иницијативата за промена на изборниот модел во една изборна единица, за која ЦИВИЛ и други невладини организации во земјата говорат повеќе од една деценија наназад. Врз основа на анализите на процесот, ЦИВИЛ изгради став во врска со оваа иницијатива, што ќе биде соопштено на прес конференцијата. Се разбира, ќе стане збор и за начинот на набљудување на претстојниот изборен процес во земјата.

Понатаму, ќе се истакнат неколку најважни препораки на меѓународните и домашните организации и институции за изборните реформи, односно, што од тоа (не) е исполнето. Нема да изостане ни одговорот на прашањето дали предвремени парламентарни избори воопшто беа потребни, а кога веќе беа понудени, кога тие требаше да се одржат. Воедно, тука е и дилемата околу наводната обврска од Пржинскиот договор за формирање техничка влада 100 дена пред избори.

Воедно, на прес конференцијата, ЦИВИЛ ќе сподели и повеќе детали за настанот „Жртвите на режимот – сеќавања и слики“ што ќе се одржи в сабота, на 21 декември. Добредојдени се прашања и коментари на други теми, доколку за нив има податоци и изградени ставови на организацијата. Како и секогаш, освен медиумите, прес конференцијата е отворена и за сите заинтересирани граѓанки и граѓани.

На истото место денеска, се одржува и целодневен настан „Перспективи 2020“ кој организацијата го организира веќе три години, а на кој познати експерти и активисти говорат за перспективите на земјата во наредната година. Овие активности се дел од проектот Граѓанките и граѓаните за слободно општество, поддржан од Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Next Post

(ВИДЕО) Пратеничките во турскиот Парламент со тропање и скандирање протестираа против насилството врз жените

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk