ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Анкета: Расте довербата во полицијата

Истражувањето е спроведено од 13 до 30 септември на 2600 испитаници со интервју „лице во лице“ во домот на испитаникот.

December 20, 2019 12:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на задоволни граѓани од работата на полицијата е значително зголемен во однос на резултатите од 2017 година и изнесува 55 отсто, а целокупната доверба во полицијата е 53 отсто и тоа е зголемување од 7 отсто во однос на испитувањето во 2017 година кога изнесувала 46 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење за демократско полициско работење за 2019 година спроведено од aгенцијата Рејтинг, а за потребите на ОБСЕ, што денеска беа презентирани во Скопје.

Според ова истражување, што се спроведува на две години, осум од 10 испитаници се чувствуваат безбедно во соседството. Истражувањето е спроведено од 13 до 30 септември на 2600 испитаници со интервју „лице во лице“ во домот на испитаникот.

– Одговорноста на институцијата ја потврдуваме преку воспоставување стандарди и процедури за работа кои се во рамките на владеење на правото. Од друга страна, транспарентноста ја потврдуваме преку навремено и објективно информирање на граѓаните. Полицијата секојдневните задачи може максимално успешно да ги извршува само ако ужива доверба. Отсуството на  легитимитет, значи отсуство на доверба, неприфатеност и отпор кон полицијата. Оттаму, за нас од извонредно значење е да ги следиме ставовите на граѓаните за работата на полицијата. Ние сакаме да ги слушнеме и да одговориме на она што ни го кажуваат луѓето, да работиме постојано на развивање на капацитетите за навремено идентификување на проблемите и изнаоѓање заеднички решенија на локалните проблеми. Дозволете ми уште еднаш да ги истакнам заложбите за целосна посветеност на потребите на граѓаните. Оваа определба на Министерството за внатрешни работи се заснова на важечката правна рамка, како и на организациската структура на Министерството и посветеноста на МВР за развивање на транспаретна и услужна организација која во центарот ќе го постави човекот, човековите права и слободи и владеењето на правото како основен принцип на демократското полициско работење – рече министерот Оливер Спасовски на денешната презентација на резултатите од ова истражување.

Next Post

Швајцарските чоколада отсега посјајни и шарени

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk